Мени

Сите прашања кои ги имате слободно поставете ги преку долната форма или со јавување на телефонскиот број 322 55 39 или преку меилот [email protected]

Детални податоци можете да најдете и на следниве линкови поврзани со Нарачки , Наплата , ИспоракиПрашања , Квалитет , Гаранција , Рекламација , Враќање , Заштита на лични податоци , Општо.

Употребени термини објаснување
Оделение - Во оделениата се содржат разни категории на производи.Може да се представи како засебна продавница за специјалиран вид на артикли.
 
Категории - представуваат потесна категоризација на артикли.Истите се сместени во соодветно оделение.Пример категорија на ласерски принтер црно бели.Истите се сместени во продавницата-оделението за Печатари. Во категориите се наоѓаат артиклите кои корисникот ги купува.Пример во категоријата за тастатури се поставени разни артикли со соодветна цена и од разни проиводители.

Артикли - го представуваат крајниот производ кој корисникот ги нарачува односно купува.Секој артикал е пропратен со единствено име,единствен код,цена,рок на испорака,гарантен рок и неколку пропратни линкови-икони за разгледување на артикалот.

Име на артикал. е единствено за секој засебен артикал.Содржи краток збор кој ја изкажува припадноста на тој артикал кон соодветна категорија,потоа моделот на артикалот и потоа најбитните карактеристики кои се потребни корисникот лесно да го распознае тој артикал и да го поврзе со своите потреби.

Код е единствен код за секој артикал.Во праксата овој код се вика part number.Преку кодот артиклот се именува на единствен начин.Овој код може да се користи при пребарувањето низ веб страната доколку го знаете однапред.Пребарувањето опфаќа и делови од кодот.Напомена! Не секогаш наведениот Part number одговара на фабричкиот оригиналниот part number.Ова е во мал број случаи ние тежиме да сите артикли бидат презентирани со оригиналниот part number. (техничката роба готово целата е пропратена со единствен код еднаков со фабричкиот part number). 

Бренд.Готово сите артикли се проследени со икона на брендот-фабриката од кој се произведени.Во делот со артикли можете да ги филтрирате артиклите според брендот кој Ви е потребен.Доколку артиклот не е поврзан со некој бренд истиот се наоѓа под "брендот" "Други"

Опис на артикли.Голем дел од артиклите освен со името дополнително се објаснети со краток опис,потоа среден опис и со детален опис на артиклот.
Краткиот опис често го носи делот од името на артиклот но во малку подетална форма со суштинските карактеристики на артикалот.
Средниот опис често е изоставен и најчесто во него може да се најде видео линк за видео преглед на конкретниот производ.
Детален опис често е присутен за техничката роба и во него претежно е наведена комплетната техничка спецификација на артикалот.

Слика на артиклот. Наш стремеж е да обезбедиме минимум една слика на понудениот производ. Доколку за артиклот немаме обезбедено слика во тој случај за тој артикал автоматски се вметнува слика од категоријата во која припаѓа тој артикал.Во овој случај сликата е секогаш забледена и секогаш под неа стои зборот ''без слика''.Тоа значи дека сликата е автоматска и дека не соодејстува со артикот во целост.

Детални слики. Уште еден стремеж е да обезбедиме дополнителни детални слики за секој артикал.Пристапот до овие детални слики се остварува со кликање на иконата зголеми(плус) која се наоѓа под секоја слика на артикалот.Со кликање на иконата се отвара нов таб во интернет прегледникот,листањето на сликите е со скролување -движење надоле на страната,затварањето на табот е со лев клик на било која слика притоа се автоматски се враќаме на страната за артиклот.Со ова е обезбеден едноставен преглед на сликите без кодно оптеретување на страната.

Споредба на артикли. Може да се споредат максимум два артикли и тоа исклучиво од иста категорија.За споредување се клика иконта (три стрелки) која се наоѓа под секој артикал.Одкако ќе кликнете за првиот артикал ќе Ви биде понудено да изберете и втор артикал за споредба.Одкако ќе изберете и втор артикал страната автоматски ве носи во делот за споредба на двата артикли.

Повеќе.За пристап кон деталните описи на артикалот може да се користат три линкови и сите се присутни за секој артикал кога правиме преглед во една категорија на артикли.Пример со кликање на сликата на артикалот, кликање на името на артикалот или со кликање на иконата ''Повеќе".

Збиен преглед.Дава преглед на артиклите во една избрана категоија во колони и редици односно Thumbnail преглед.Пристап до збиениот преглед е со кликање на иконата во облик на квадрат во горниот дел од страната под името на избраната категорија.Враќање кон стандардниот преглед е со кликање на иконата во облик на 3 хоризонтални линии.

Подредување на артикли.Артиклите во една категорија може да се подредуваат на неколку начини,според Цената(растечка или опаѓачка),Името(растечко или опаѓачко),производителот,редослед број,филтрирање според Брендот и подесување на број  на прикажани артикли по страна.

Гаранција. како податок е присутна готово за сите артикли.Го  дава податокот за гарантниот рок на артикалот.Начинот на приказ на гаранцијата е текстуален и може да биде изразен во месеци или години.Доколку нема рок на гаранција истата е проследена со текстот "недефинирана".

Рок на испорака. Дава податок за достапноста на артиклоот односно за колку време истиот може да се испорача.Пристуни се следните случаи
-на лагер:  Aртикот е на лагер во продавницата на Домент дооел
-Еден ден од испораката: Артиклот може да се испорача во рок од најдоцна еден ден.Или значи дека истиот може да се подигне од продавницата на Домнет истиот ден од нарачката (но не побрзо од 3h од прием на нарачката) или да се испорача најдоцна за 24h од прием на нарачката.
-Со нарачка: Значи артикалот е потребно да се нарача и рокот за испорака може да се движи од 2 дена до 2-3недели во зависнот од терминот на нарачката и од типот на артикалот.

Цена. Сите цени се изразени во денари и се со пресметан данок.Доколку не е наведена цена истата е придружена со соодветен термин пример ''недефинирана".

Последна промена: Ја дава последната дата кога е извршена промена во податоците за одреден артикал.Најчесто оваа промена се однесува на цената,но може да биде и рокот за испорака ,слика или друго.Важно!.Податокот за последна промена во артиклот е важен податок кој дава представа колку се свежи информациите за наведениот артикал.Соодветно доколку последната промена е од понов датум тоа би значело дека е поголема веројатноста наведените информации да се точни посебно информациите околу рокот на испорака и цената.Наш стремеж е секогаш да ја држиме освежена интернет продавницата во секој сегмент.

Купи. Со кликање на иконата "Купи" артикалот сеуште не е купен туку се става во корпата со производи со количина еден.Оваа икона е присутна во секоја конкретна категорија на артикли при нивниот преглед и обично е на десната страна,или пак се наоѓа под сликата на артикалот кога истиот детално го разгледуваме.

Корпа детално. Дава подетален преглед на избраните артикли кои сте ги ставиле во корпата и воедно води кон следниот чекор од нарачката каде што се бираат начинот на испорака и начинот на плаќањето.Тука се достапни мала слика од артикалот,име на артикалот,количина која ќе се нарача,достапност на артикалот,можност за промена на количини,можност за бришење на некој артикал од корпата,празнење на целата корпа,единечна цена и вкупна цена на артиклите.

Испразни ја корпата. Значи дека ќе ги одстраниме сите артикли од корпата.Корпата ќе биде празна и спремна за ново купување.

Нарачај. Иконата нарачај води кон следно ниво во нарачката каде се бира видот на испорака и плаќањето и сеуште не ја финализира нарачката.Оваа икона е присутна во малиот приказ на корпата (десната страна од вебот) или во делот за деталниот приказ на корпата.

Кон наплата.Кликањето на оваа икона сеуште не ја финализира нарачката туку не води кон страна каде го гледаме избраниот начин на наплата и испорака и вкупниот износ на артиклите кои се нарачуваат. Тука е присутна финалната икона купи.

Купи. Со кликање на иконата купи ја финализираме нарачката. Односно избраните артикли сме ги нарачале но незначи дека истите се наплатени.Останува да се причека истите да Ви ги испорачаме или сами да ги подигнете кога и ќе се изврши наплатата.

Тонер избор ( НЕ е во активна оваа функција ) . Дава избор на Бренд на печатарот.Се наоѓа во првата форма за пронаоѓање на соодветен тонер за печатар..Пример Epson,HP,Lexmark или други.Ова е прв чекор и задолжителен за избор на соодветен тонер.

Избор на принтер ( НЕ е активна оваа функција ) .Дава избор на модел на печатарот.Се наоѓа под горенаведената форма и за да се пристапи кон неа прво е потребно да се избере бренд на печатарот од горната форма.Пример одкако сме избрале Epson Потоа може да ги листаме достапните модели од овој бренд.Пример Epson EPL6200, Epson DX4050 итн.

Тонери,инк кертриџи и рибони ( НЕ е активна оваа функција ) Овие типови на компјутерски потрошни материјали се проследени со Брендот на печатарот , моделот на печатарот,слика на артиклот,код p/n на артиклот,вид на материјалот (инк мастило,тонер или друго) , боја , оригинал или компатибилен и цена во денари