ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
За сите корисници на нашата веб страна www.domnet.com.mk кои се регистрираат и оставаат свои податоци , со оваа политика на приватност објаснуваме како се користат наведените податоци.
Ние превземаме одговорност само во случај доколку се движите низ нашата – наведената веб страна и податоците ги оставате на веб страна која во основа е нашиот домен, за сите настани кои произлегуваат со кликање на линкови кои водат надвор од нашата веб страна не сносиме никаква одговорност во однос на заштита на податоци кои ги превземаат тие.
Наш приоритет е сигурност на податоците кои корисниците ги оставаат при купување од нашата веб страна.
Со пристапување на интернет страната , потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со политиките на приватност на нашата веб.
Лични податоци кои се прибираат
Во случај да се регистрирате на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете при процесот на регистрација, се користат единствено со цел за достава на производот и наплата на истиот а се чуваат согласно важечките одредби од Законот за заштита на лични податоци.
Моментално нашата страна не користи можност за рекламирање преку прибрани податоци за меиловите на регистрираните корисници.
Лични податоци кои се собираат
Доколку од Ваша страна е направена регистрација на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
• Име и презиме
• e-mail адреса
• Адреса за испорака на нарачката и
• телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Домнет дооел Скопје го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Домнет дооел Скопје има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на ____________________ банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на ____________________ банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Колачињаа (Cookies)
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот.
Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на ____________________ веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.
При вашата посета на веб страниците на Домнет дооел Скопје нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации.
Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.
Домнет дооел Скопје ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.
Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.
Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Домнет дооел Скопје ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.
Повеќе информации за тоа што се "cookies" и какви типови има можете да најдете овде
Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.
Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами.
Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.
Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: "За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука."
Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса :
[email protected]
Контакт телефони: 02 322 55 39
Останато
Оваа политика на приватност стапува на сила од Август 2021 година.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.domnet.com.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.
Правила на испорака
Правилата на испорака на www.domnet.com.mk појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.
Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.
Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање.
Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Овие правила на испорака стапуваат на сила од Мај 2010 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.domnet.com.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
Услови и правила за интернет продажба
Цените на сите производи од www.domnet.com.mk се во денари и вклучен ДДВ.
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.
Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 4000 ден. Во спротивно се наплаќа 100 ден. за испорака. Испораката на домашна адреса ја врши поштенска/карго служба . Испораката до продажен салон на Домнет во било кој град е бесплатна, купувачот потоа е должен да ја подигне нарачката од салонот кој го одбрал за достава.
Купувањето може да се оствари само со плаќање во готово при превземање на робата од карго или при испораката до врата, притоа добивате фискална сметка. Домнет ви овозможува и купување со наплата при достава но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора и купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш за брзо да се исправи направената грешка.
Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Замена / враќање на производ
Почитувани потрошувачи,
Домнет нуди можност за замена на производ што е купен во продажната мрежа на Домнет во рок од 15 дена од купувањето.
Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:
• Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен
• Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
• Клиентот да ги приложи фискалната сметка и пропратната документација
Замената потрошувачите може да ја реализираат во салонот од каде е издадена фискалната сметка.
Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .
Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:
1. Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
2. Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.
o Во ваков случај постапката од страна на Домнет се врши веднаш, меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката
o Важно: Повратот на средствата најчесто се евидентира на вашето конто со датум на кој била направена трансакцијата, т.е. кога производот бил купен, а не на датумот кога е вратен производот или кога сте ги добиле средствата назад.
3. За замена на производ платен преку потрошувачки кредит или синдикална продажба, важат условите наведени во договорите склучени со давателите на услугите.
4. За замена / враќање на производ купен online на нашата интернет страна www.domnet.com важат истите услови со напомена дека сите трошоци за транспорт/достава на производот се на сметка на купувачот.
o Доколку клиентот лично го донесе производот/ите во одделот за интернет продажба, замената/повратот на средства ќе биде извршен веднаш.
o Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот.