Трипод платно 180cm Паметна табла Ecoroll платно 180x180cm Електрично платно Epson TW 650 Full HD 50% ПОПУСТ Кожни торибици
6.990,_ден 59.900,_ ден 6.980,_ден 180x153cm 15.730,_ден САМО! 34.600,_ден Држачи за LCD San Peter

Кожни машки ташни
КОЖНА ГАЛАНТЕРИЈА
ПРОИЗВЕДЕНО ВО ЕУ
Интерактивни табли
Школски ранци

МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ 
САМО ONLINE НАРАЧКИ

ДРЖАЧИ ЗА TV 
 
Општи одредби и правила

 
 
Добредојдовте во domnet.com.mk сигурна логистика.

Секој корисник кој се регистрирал на веб страната или нарачал од истата подлежи на правилата и условите на нашата интернет продавница наведени подоле.

Општите услови ги дефинираат правилата и начинот под кој се одвива продажбата преку оваа веб страна.

Заштита на лични податоци
Со самиот пристап или регистрација на нашата веб страна се согласувате на политиката на приватност и заштита на личните податоци детално дефинирани во
политика за приватност>>.

Авторски права
Целиот код за интерфејсот на оваа веб страна организирана како е-маркет е во сопственост на Домнет дооел Скопје.Секоја неовластена употреба на наведениот програмски код е казнива според законот.
Користењето на слики и спецификации од артиклите и категориите е слободно дозволена.

Малолетни лица
Страната е наменета за полнолетни лица-над 18години.Домнет дооел нема намера да прибира и дава информации од малолетни лица.Родителите или старателите се одговорни да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со лични податоци.

Регистрирање на корисници
Корисник односно купувач може да биде било кое полнолетно физичко или правно лице кое има валидна меил адреса (поседување на меил адресата не е обврзувачка).
Со регистрирањето на оваа веб страна потврдувате дека:
-корисникот физичко лице е полнолетно
-корисникот правен субјект е легален и постои согласно постоечките закони
-сите внесени информации при регистрацијата се валидни
-купувачот се согласува да добива промоции и новости на наведената меил адреса
-ги прифаќа општите одредби наведени овде и политиката за заштита на податоци

Меил адреса и лозинка
Доколку се регистрирате на оваа веб страна самите сте одговорни околу одржување на приватноста на Вашата лозинка за пристап на страната,за сигурноста на Вашиот компјутер и за активностите кои се одвиваат преку вашата меил адреса со наведената лозинка.

Начин на купување
Начинот на користење на страната е објаснет во делот за подршка>> на корисниците
Упатството за употреба на страната за правни субјекти е во изработка

Цена на артиклите
Готово сите артикли се проследени со цена изразена во денари.Цената е по единица вредност освен ако не е поинаку наведено.Во цената е пресметан данокот на додадена вредност.Во цената не е влезен евентуалниот трошок за испорака.Цената не опфаќа инсталација на производот.Наплатата секогаш се врши во денари. Корисникот е должен да побара и добива фискална сметка или фактура за набавената роба како и гаранција доколку има.Доколку за одреден артикал не е наведена цена истата може да се добие преку нашите контакт информации.
Домнет дооел го задржува правото за промена на објавените цени надвор од објавеното на веб страната но само во исклучителни и ретки случаи.Домнет дооел е должен да го информира корисникот доколку цената на некој производ за кој постои интерес е во меѓувреме намалена ( случај ако артиклот не е ажуриран навремено ).Со ова го ставаме на прво место корисникот.

Нарачување на производи
Нарачувањето на производите е можно на неколку начини:
-Регистрирање на веб страната и нарачка преку веб интерфејсот
-телефонски или преку меил адреса

Дефинирање на производот
Доколку корисникот неможе да пронајде производ кој ги задоволува неговите потреби може за своето барање ( односно потреба ) да не извести за да добие соодветна понуда односно решение за неговите потреби.

Финализирање на нарачката
После секоја комплетирана нарачка корисникот добива повратна меил порака со детали околу нарачката.

Испорака
Усповите на испорака се детално објаснети во политиката за испорака.Испораката започнува после секоја успешно завршена нарачка.Испораката има за цел квалитетно да го достави производот до корисникот.Начинот на испорака го одбира корисникот во една од фазите на комплетирање на нарачката.Може да се одбери опција корисникот сам да го подигне производот од нашите простории.Во случај да се избере испораката да биде од наша страна во тој случајат неколку случаи.
-Испораката е бесплатна на територија на Скопје за нарачки над 1000денари
-За испорака на територија на Скопје за нарачки под 1000денари се наплаќа трошок за испорака во износ од 100денари
-За испораки на територија вон Скопје се наплаќа трошок за испорака во зависност од тежината на робата и тоа не помалку од 150денари и не повеќе од 700денари.
Домнет дооел се обврзува квалитетно да испорача минимум 95% од нарачките.

Наплата
Плаќањето на артиклите е во готово,со кредитна картица или фактура.Во зависност од изборот на корисникот.Домнет дооел засега не нуди наплата со платежна картица преку веб страната.Подетално за наплатата може да се информирате на овој
линк>>.

Рекламации
Корисникот го добива производот во оригинална фабричка амбалажа.Доколку за производот не постои амбалажа тоа е соодветно назначено во описот на артиклот.Сите артикли кои се фабрички спакувани и имаат заштитна од отварање(лепенка или друго) ,во тој случај лепенката не смее да биде оштетена.Рекламации во однос на оштетеност на производот се примаат единствено на лице место при подигање на робата во наши простории или на лице место при испораката односно превземањето на робата.Доколку рекламацијата се однесува на функционалноста на производот истата се прифаќа во рок од 7 дена од испораката.Види рекламации
детално>>
 
Враќање на производите
Предмет на враќање може да бидат само производите кои се наплатени.
Корисникот може да го врати производот со цел замена за друг идентичен без одредена причина,во тој случај вратениот производ треба да е неотпакуван,во оригинална фабричка амбалажа и во исправна состојба во рок од 7 дена од испораката,со приложување на документ за извршената наплата.Притоа е потребно производот да се испорача на наша адреса.Трошоците за оваа испорака се на терет на корисникот.
Во случај да корисникот бара поврат на исплатената сума во тој случај производот треба да биде неотпакуван,а средствате ќе му бидат вратени на истиот начин како при наплатата.Рокот за пријава на оваа рекламација е 7 дена од испораката.Детално за политика за
враќање>>

Комуникација 
Комуникацијата со корисниците е преку наведените наши контакт информации односно преку меил адресата или телефонот на корисникот.

Деактивирање на регистрација
Доколку корисникот сака да ја одстрани својата регистрација од нашата веб страна за истото треба да не извести. Модулот со кој корисникот самостојно ќе може да ја избрише својата регистрација и сите лични податоци е во припрема.

Промена на одредбите
Сите прромени на општите правила и одредби ќе бидат навремено објавени на странава.
 
Детални податоци можете да најдете и на следниве линкови поврзани со Нарачки , Наплата , ИспоракиПрашања , Подршка , Квалитет , Гаранција , Рекламација , Враќање , Заштита на лични податоци.

 

 >>Влези во е-маркет<<

 

 
Корпата е празна
 
НАМАЛУВАЊЕ
НА ТОРБИЦИ
CASE LOGIC
Женски кожни ташни
Тонери
Почетна |  Принтери |  Монитори |  Лаптопи |  Продавница |  Испорака |  Подршка |  За нас |  Контакт | 
Swiss Army ножеви | Ножеви за храна | Victorinox алатки | Meccano конструкции | Тонери и кертриџи | Zippo запалки | Кожна галантерија | Паметни табли | Компјутери | Печатари | Мобилни тел. | Канцелариски материјали | Училишен прибор | Прибор за пишување | Ранци и куфери | Аудио Видео | Бела техника | Илустрирани мапи | 
Е маркет Домнет дооел Скопје ул.Даме Груев бр 1 , 1000 Скопје  e-mail: sales@domnet.com.mk
web desing and Content Management System www.webstrani.com